Пронајдено тело во Дунав – гардеробата одговара на Матеј Периш

Тело на млад маж е пронајдено во Дунав кај Ада Хуја. Српските медиуми пишуваат дека гардеробата на мажот првично одговара на описот на гардеробата која ноќта на исчезнувањето на себе ја носел Матеј Периш од Сплит.

Телото на младиот маж било пронајдено утринава околу 09:30 часот. На себе имал фармерки, маица со апликација и една бела патика.

Ваквиот опис првично одговара со описот на Матеј Периш.

Полицијата го извлекла телото, а на терен се форензичари./lider.mk/