December 6, 2022

Драма во Пула: Македонка си го заклучила детето во „БМВ“ на 40 степени, полицајка го спасила во последен миг

Хрватската полиција во Пула спасила дете на државјанка на Македонија, која го оставила само во прегреан автомобил, во услови на пеколни температури, јавува Индекс.хр.

Детето, чија возраст не се соопштува, било пренесено во болницата во Пула за укажување лекарска помош, со оглед на тоа што извесно време поминало во возилото. Кога го нашол полицаецот, детело плачело, било испотено и имало висока температура, пренесуваат хрватските медиуми.

Околу 14 часот полицијата добила дојава од граѓани дека на улицата „Марулиќева“ во градот во возило марка „БМВ“ имало дете, по што веднаш била испратена најблиската полициска екипа. Полицајката успеала да ја отвори вратата ставајќи ја раката низ делумно отворениот прозорец и го извлекла детето од возилото, појаснуваат хрватските медиуми.

Против 28-годишната државјанка на Македонија, кој го оставила детето во автомобил ќе биде спроведена кривична истрага.

Полициската управа на Истар ги предупредува граѓаните да не ги оставаат децата сами во возилата бидејќи последиците може да бидат смрт или сериозно нарушено здравје.