December 6, 2022

Мајката на Мартин стигна од Америка во Гpција: Ве молам најдете го моето дете

Четврти ден откако нема трага од 28 годишниот Мартин кој се води за исчезнат од саботата попладне кога беше понесен од морските струи на Халкидики. Потрагата продолжува и денес, по вода, воздух и копно се трага по исчезнатиот Мартин.

Во саботата попладнето, по роденденската забава за Иван (30), тројцата другари, и Бојан (25) и Мартин, решиле да се избањаат кај Посеиди, плажа Мити. И одговорните лица и мештаните велат дека тоа место било опасно за капење поради опасните морски струи.

Но тоа никаде не било обележано. Спасувачките екипи Бојан го пронашле неколку часа откако исчезнале другарите, а Иван после 19-часовна потрага.


Од утрово спасувачките екипи се борат и со невремето, силните ветришта се со јачина и до 7 бофори. Спасувачите планираат да постават и подводен дрон што значително ќе помогне во потрагата. Иван успеал да преживее држејќи се за топка која случајно ја нашол во длабоките води.

Грчките медиуми објавуваат листа на најопасните плажи во Грција меѓу кои се и Мити кај Посеиди затоа што тука се спојуваат Солунскиот Залив со Егејското Море, а заради плимата и осеката се менува и движењето на морските струи.

Кога дува јужен ветер свртува кон местото Посеиди, а кога дува северен ветар, тогаш струењата се менуваат кон Солунскиот залив.

Веќе два дена минуваме низ навистина претежок период кој не се опишува со зборови, со огромна надеж дека нашиот Мартин ќе биде пронајден жив и здрав.


Истовремено, читаме дека се објавија голем број на шпекулации и претпоставки во медиумите, затоа би сакале да ја кажеме вистината, вели вели за „Фокус“ блиска роднина на Мартин, момчето кое пред два дена исчезна во водите на Егејското Море на Халкидики.

Двајцата другари беа пронајдени и се добра состојба. „Мартин е роден 1991 година, значи тој нема 28 години како што се пишува, туку има 30 години.

Голема невистина се објавите дека Мартин бил слаб пливач. Апсолутно не е точно! Тој е одличен пливач, во минатото вежбаше и балет, значи има силна мускулатура на нозете и на телото.

Тоа ни дава огромна надеж дека се ќе биде во ред, дека можеби се наоѓа на некој брег… Исто така, Мартин не живее во Америка и не беше дојден овде од Америка на летување.

Тој живее и работи во Скопје, а пак неговиот брат живее во Америка. Мартин живее заедно со мајка му, татко му почина пред осум години.

Во периодот кога се случи исчезнувањето, неговата мајка беше во Америка, во посета на брат му. За прв пат отиде да го посети синот…

По настанот, таа тргна кон Грција, патуваше со авион 17 часа до Цирих, вели соговорничката на „Фокус“, чиешто име ѝ е познато на редакцијата.

Мајката на момчето вчаравечер пристигна од Америка во Солун, да се вклучи во потрагата по нејзиниот син. За грчките медиуми изјави дека имаат вера дека Мартин ќе биде пронајден.

„Тргнав од Америка да дојдам во Грција за да го пронајдам своето дете . Имам голема вознемиреност и исчекување.

Им благодарам на сите што ни помагаат. И на властите и на волонтерите.

Тимот на ОФКАТ е покрај нас од првиот момент и Им благодарам за тоа што го прават. Имаме вера дека ќе го пронајдат“, рече мајката на Мартин за грчките медиуми