December 1, 2022

Мицкоски: Народот треба да знае, ние нема да ги почнеме преговорите, Албанија ќе ги почне

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за Канал 5 вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени избори доколку пратениците од СДСМ кажат „не“ на таканаречениот француски предлог.

Вели дека документот нема правно значење и правна вредност и според него тоа е голема лага. Мицкоски рече дека тоа се четири заклучоци.

„Треба народот да знае дека ние нема да ги почнеме преговорите, уште еднаш повторувам. Албанија ќе ги почне преговорите, а ние за да ги почнеме преговорите потребно е да го смениме Уставот, а ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи“, рече Мицкоски.

Девети ден има протести против францускиот предлог.
фото принтскрин