December 5, 2022

ВИДЕО: Вознемирувачка снимка од грабеж на бензинска пумпа во Кочани

Вознемирувачко видео од надзорна камера е објавено денеска на социјалните мрежи, а се тврди дека на него е забележан грабежот на бензинска пумпа во Кочани, кој се случи пред еден месец.

На снимката се гледа како маскираниот разбојник, со оружје во раката, влетува во бензинската и го ограбува вработениот, заминувајќи со торба полна со пари.

https://www.facebook.com/help/396404120401278
МВР таков случај пријави пред точно еден месец, на 12 јуни.

„На 12.06.2022 во 03.32 часот било пријавено дека во Кочани едно лице со закана од вработен на бензиска пумпа одзелo пари. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти тогаш полицијата.