December 1, 2022

Две лица искасани од оси – едниот починал

Во велешката болница вчера биле донесени две лица искасани од оси, едниот на околу 60 годишна возраст, другиот 30 годишен маж. Повозрасниот маж вечерта починал, додека 30 годишното лице по дадената лекарска помош и соодветна терапија во велешката Општа болница, бил испратен дома.

Во велешката населба Речани вчера, 60 годишниот маж, сега веќе починат, целиот искасан од оси во состојба на кома со Брза помош бил однесен итно во велешката Општа болница. Според информациите, пријавата пристигнала во 11,05 часот, а кога здравствените лица стигнале, лицето било во кома и без знаци на живот со повеќе убоди од оси на рацето, лицето и по целото тело.

Лицето веднаш било реанимирано и му било дадено соодветна терапија.

Денеска за МИА д-р Јелана Левкова Ќамилова, портпарол на ЈЗУ Општа болница, посочи дека тие вчера не знаеле дека истовремено биле донесени двајца пациенти искасани од оси.