December 5, 2022

Димитриевски: Утре Куманово ќе маршира за сите предци кои создадоа држава, а овие денеска ја продаваат

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вечерва
информираше дека утре (четврток, 14.07.2022 година) Куманово ќе маршира во име на сите предци кои создадоа држава, а денеска истата се продава.

„Време е да го разбудиме ПАРТИЗАНСКОТО во нас! Утре Куманово ќе маршира! Да маршираме заедно сите во име на Карпош, Еребица, Шабани, Перо Чичо, Фетак, Менков, Которка, Бузо, Нацева, Шајче и многу други наши предци кои ни создадоа држава, а овие денеска ја продаваат на кило. Ве повикувам сите драги мои Кумановци без разлика на нација, вера и определба да излеземе утре (четврток) сите во 19:30 часот во центарот на градот (Улица Лењинова) и да упатиме јасна порака чија крв тече низ нашите вени. Се гледаме утре! Да живее Куманово! Да живее Македонија!“, порача Димитриевски.