December 10, 2022

Има ли Димовски Бугарски пасош. Еве што вели тој?

Поранешниот пратеник Илија Димовски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 посочи дека нема бугарски пасош.

Тој додаде и дека не познава никој од челниците на ВМРО-ДПМНЕ кој има таков пасош.

„Не, не поседувам бугарски пасош… Не познавам, тоа се шпекулации, јас не познавам таков или не знам таков“, вели Димовски.

За бројката од 100 илјади македонски државјани кои поседуваат бугарски пасош, Димовски вели дека со таа бројка оперира Бугарија, а со какви цели го прави тоа не знае.