December 2, 2022

Османи: Протоколот со Бугарија ќе биде објавен пред властите да го потпишат

Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека Протоколот со Бугарија ќе биде објавен пред властите да го потпишат.

Според шефот на дипломатијата Османи во Протоколот, како и во целиот француски предлог нема ништо спорно, но дека и Бугарија е незадоволна од предложениот компромис.

– Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници… единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите. Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа, рече Османи за телевизија 24.
Опсервер: Османи: Протоколот со Бугарија ќе биде објавен пред властите да го потпишат | opserver.mk