December 1, 2022

СДСМ: Проруски инсталации на насилните протести на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев

Педесетина повредени полицајци, фрлање на запаливи течности кон полицијата, обиди за исценирано крваво сценарио за меѓуетнички инциденти е епилогот од насилните протести на антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците. На виделина излегуваат нови докази за поврзаноста помеѓу насилниците од протестите и ВМРО-ДПМНЕ со проруски инсталации, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додават дека руските знамиња на протестите, навредите кон сограѓаните од другите народи и етнички заедници во државата се јасен доказ дека протестите не се против европскиот предлог, туку неуспешен обид за рушење на владата и имаат за цел да создатат етнички конфликт, да ја дестабилизираат земјата.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ со денови молчи и не одговара која е поврзаноста на политичкиот дезертер од Армијата Драган Ковачки со насилниците под качулки пред Собранието.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават се за да одработат за туѓи центри на моќ, да ја дестабилизираат државата и да ја оддалечат од ЕУ.

Тоа нема да им успее. Институциите и граѓаните нема да дозволат да успеат крвавите сценарија на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Секој кој ќе се обиде на каков било начин да ја загрози стабилноста на државата ќе одговара согласно законите, се вели во соопштението